Повеќето кинески марки ќе бидат елиминирани од пазарот, вели претседателот на еден од најголемите кинески производители на автомобили, Šangan

И покрај знаците на мал пад на продажбата на автомобили во Кина, секоја година на локалниот пазар кој брои 1,3 милијарди луѓе се испорачуваат нови 30-тина милиони автомобили. Вака големиот број на продадени автомобили само го интензивира хроничниот проблем со згиснатиот сообраќај, особено по должината на источниот брег, а слично е во секој голем град во оваа земја.

„Во моментов постојат 180 кинески марки на автомобили, а 57% од нив имаат нулта продажбата“, изјави претседателот на компанијата Šangan, Зу Хуаронг, на неодамнешниот Глобален форум на автомобилската индустрија (Global Automotive Forum), кој се одржа во Чонгинг во западниот дел од Кина. „Веќе извесно време се случува забрзана консолидација внатре во индустријата: 10% од учесниците на пазарот контролираат околу 90% од пазарот, односно имаат 90% удел на пазарот“, дополнува Хуаронг

„Пробивот на возила со алтернативни погонски горива се покажа како општо изненадување. Бројот на таквите новопретставени возила изнесува 103, додека 51 од нив се сосема нови. Ние сме сведоци на голем прилив на капитал во овој сегмент на пазарот, па конкуренцијата е исклучително остра. Верувам дека повеќето кинески брендови едноставно ќе исчезнат од пазарот.

Процесот на консолидација на пазарот ќе се одрази тешко во овој индустриски сектор. Се разбира, овој процес носи многу можности, но исто така и предизвици. Има многу кои ќе профитираат преку консолидација на пазарот, а значителен број на учесници ќе претрпат значителни загуби.

Сега, јасно се покажуваат и некои нови збунувачки карактеристики на пазарот. Условите диктирани од политиката веќе не се толку предвидливи на макро ниво. Кинескиот автомобилски пазар се вклучува во светските текови. Кој знае што сè ќе се промени? Никој не поседува кристална топка или може да креира совршен алгоритам кој може да ја чита иднината“.

Голем број на марки кои влегуваат на кинескиот пазар овозможија широк спектар на различни модели, од кои многумина личат на производите од Запад. Таков голем број на брендови не е одржлив на долг рок, што се совпаѓа со проценката на компанијата BAIC, според која третина од производителите ќе ги снема од пазарот.

„Секако дека ќе има промени во матрицата на конкурентност. Секогаш кога има премногу учесници на пазарот или премногу конкуренција, тоа доведува до одлив на ресурси.

Во минатото, ние, кинезите, го копиравме она што другите го правеа. Сега имаме друг пристап. Новите технологии нè воодушевуваат, мораме да се соочиме со многу комплексни предизвици. Заедничката употреба на возило од страна на неколку луѓе во основа го менува деловниот модел“. Јас сум во автомобилската индустрија сум веќе 32 години и ситуацијата во која сме, бара повеќе од кога и да е храброст. Мораме да се трансформираме од производител во даватели на услуги“.