Втората генерација на AUDI Q3 носи посовремен потпис, а во салоните пристигнува оваа есен

Сегашниот Q3 дефинитивно беше застарен во однос на конкуренцијата што и не е изненадувачки, бидејќи Q3 на пазарот е присутен од 2011 година, а последниот редизајн не направи многу.

Затоа, со цел подобро да се справи со премиум ривалите, Audi се осмели да лансира сосема нов модел. Лансирањето беше одлично темпирано, веднаш по лансирањето на Q8, од каде се добиени бројни идеи. Ако се вмешаат сите детали од рестилизираниот A3 Sportback, добиваме многу привлечен кросовер, кој, благодарение на поголемите димензии, има маркантен настап.

Должински пораснал скоро 10 cm (4.485 mm), а меѓуосовинското растојание има плус од 7,7 cm. Затоа нормално е да се очекува доволно простор за патниците и багажот, речиси на ниво на првиот Q5. Задната клупа е надолжно клизна, а багажникот во основната конфигурација има волумен од 675 литри.

Технолошката напреднатост на Q3 е видлива и во внатрешноста преку дизајнот сроден со оној кај новиот Q8 и 10-инчниот централен дисплеј.

Понудата под капакот вклучува три мотори, но ниеден од три цилиндри. Глобално моделот е достапен со 2.0 TSI бензинецот со 190 и 230 КС, додека во Европа важни ќе бидат помалиот бензинец (1.5 TSI / 150 КС и 250 Nm) и еден дизел (150 КС и 340 Nm). Моќноста според тоа е во опсег од 150 до 230 КС, со 6-брзински мануелен менувач, S tronic еден степен повеќе и quatro погонот со посилни перформанси.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1SKbCEAy6Q-L2mYWePkYe-K2JzWXJumBw” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” slideshow=”1″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Новиот Q3 во салоните доаѓа во ноември, а ќе се произведува во унгарските фабрики во Gyor. Почетната цена нема да биде помала од 30.000 евра.