Скриено богатство: Гланц нови BMW пронајдени во бугарски склад
BMW E34 во одлична состојба скоро и да е невозможно да се најде, па затоа не е изненадување што една бугарска локација со 11 совршено сочувани примероци ќе добие статус на светилиште
BMW Серија 5 – E34 серија, влегува во редот на најпопуларните модели кај вистинските фанови на баварскиот бренд. Денес, речиси е невозможно да се најде примерок во солидна состојба, а и ако се појави на оглас, чини вистинско богатство.
Освен ако не сте во Бугарија каде што на едно место е пронајдена визстинска ризница. Во стар магацин во Благоевград, на југозападниот дел на Бугарија, пронајдени се вкупно 11 возила. Станува збор за десет лимузини и еден караван, а според достапните информации, сите се произведени во 1994 година и бензинци – 520i и 525i. Кај неколку примероци, бојата веќе не е во совршена состојба, а некои останаа без некои делови како капачето на резервоарот за гориво или декоративните капаци на тркалата. Затоа ентериерите се сеуште заштитени со најлон и во совршена состојба. Ова дефинитивно е многу привлечна колекција за која многумина би дале многу пари. На крајот на краиштата, да се најде лимузина на BMW стара четврт век со буквално нула поминати километри е рамно за премија на лото.
Сите автомобили ќе одат на аукција, а почетната цена ќе биде, наводно, 15.000 евра по примерок.