Битката ќе се води во Перу, Mini ги собра ѕвездите на Peugeot, Лоеб и Toyota ќе „бркаат“ изненадување

Релито Дакар 2019 започнува утре (07.01) во главниот град на Перу, Лима, и ќе трае до 17 јануари. Учесниците ќе треба да се справат со 10 тешки фази, голем дел од патот минува низ пустински области со многу дини, а ќе имаат само еден одмор. Доволно за битката за победничкиот пиедестал да биде како и секогаш целосно непредвидлива.

Главниот фаворит // Mini и X-Raid ги собраа големите ѕвезди во автомобилите во тимот и по три последователни победи на Пежо, сега Дакар 2019 може да се развие во корист на германско-британската унија.

Повлекувањето на Peugeot од трката по три последователни победи, е во корист на X-Raid и Mini кои ги собраа големите автомобилски возачки имиња, но секако има и некои скриени аутсајдери кои што може да изненадат.

Фаворити на Дакар 2019

Од 2009 година, ова е рели со најмногу учесници од понежниот пол, а најдолгата делница е токму пред единствениот ден за одмор на 11 јануари од Такна до Арекипа – 517 тркачки километри.

Loading...