Ако не е снимено, веројатно малкумина би поверувале дека може да се случи сообраќајна несреќа помеѓу два идентични супер спортски автомобили

Вакво нешто навистина не се гледа често. Сообраќајниот инцидент во кој се вклучени два автомобили од марката Lamborghini се случил во Сингапур. Станува збор за два жолти Aventador модела, а судирот се случил на 7 јуни.

За двајцата сопственици се верува дека се дел од Facebook групата SG Road Vigilante, чиј Lamborghini е снимен кон крајот на минатиот месец во неприлагодено градско возење. 

И двајцата сопственици ги отстраниле регистарските таблички веднаш по несреќата, па затоа е невозможно да се разликуваат автомобилите.

Самиот чин на несреќата не е снимен, но според она што може да се види од снимките, штетата во секој случај е навистина голема.