Од францускиот Citroen одлучија да не не држат во неизвесност до 30-ти јуни за целосен изглед и објавија неколку официјални слики на кои се прикажани целосно новиот Citroen C4 и неговата електрична е-C4 варијанта

Новата генерација на C-хеџбекот има нов и иновативен дизајн и ќе биде достапен во бензинска, дизел и 100% електрична варијанта. Неговото деби е закажано за втората половина од оваа година.

Според францускиот производител на автомобили, новите e-C4 и C4 „поседуваат се што треба да се поседува во конкурентниот С-сегмент, притоа нудејќи модерен и карактерен нов дизајнерски концепт како интегрален дел од комплетната понуда на производи“.

Сега споменатиот хеџбек и квази SUV-хеџбек се соединуваат во новиот Citroen C4, кој како вистински хеџбек има пет врати, но и како вистински кросовер има пластична заштита околу долната зона на каросеријата.

Французите велат дека „четворката“ е весник на нова фаза на развој на корпоративниот идентитет. Од достапните фотографии, меѓу кои и онаа која ни дава увид во патничката кабина, јасно ја гледаме виртуелната инструментација, проекцискиот дисплеј и минијатурниот селектор за избор на степен на пренос со автоматски менувач, кој е срамежливо поставен во внатрешноста на централниот тунел.

Системот за суспензија, кој производителот го нарекува Progressive Hydraulic Cushions, е структурно идентичен со оној што е имплементиран во кросоверот Citroen C5 Aircross. Ново дизајнираниот систем за суспензија носи значително поудобно возење на патишта со полош квалитет, што особено во нашата земја не е невообичаено.

За жал, тоа е се што се знае за сега. Целосната премиера на новиот Citroen C4 е закажана за последниот ден од тековниот месец.