Станиците за полнење на електричните автомобили од брендот Tesla во Германија не се во согласност со тамошното законодавство

Сите или повеќе од 1.800 точки за полнење на американската компанија не се во согласност со германскиот закон за калибрација, покажуваат податоците на производителот, како и студијата за проектот „IKT für Elektromobilität“, пренесено од Handelsblatt.

Проблемот со полначите е што немаат броило за да бројат колку струја му се наплаќа на купувачот, а токму тоа го бара германското законодавство.

Надлежните го знаат тоа и го игнорираат

Катарина Боше од ИКТ смета дека ова ќе се промени, но ќе биде потребно време.

„Процесот на конверзија во инфраструктура за брзо полнење се очекува да се одолговлекува до крајот на 2023 година“, вели таа за Handelsblatt.

Властите се свесни за нелегалните станици за полнење – и очигледно не им е грижа. 

„Нивното незаконско работење не е спречено и не е предмет на санкции“, вели Томас Веберпалс, шеф на Баварската државна канцеларија за метролошки надзор, цитиран од Handelsblatt.