Градот Сан Хозе планира да ја рехабилитира оваа делница од патот и да го забави сообраќајот, но ништо од тоа нема да се случи барем до 2026 година.

Реј Минтер од Сан Хозе, Калифорнија, тврди дека до сега во неговата куќа дури 23 пати удриле автомобили, пишува San Jose Spotlight. Проблемите датираат од раните 1970-ти, кога била завршена рутата 680. Излезот на автопатот кон авенијата Jackson бил изграден веднаш спроти куќата на Минтер, а автомобилите се спуштале со голема брзина. Од 23 автомобили што удриле во неговата куќа досега, Минтер вели дека четири стигнале до кујната. Тој исто така морал да отпише три свои (паркирани) автомобили бидејќи страдале во тие судири. Една од најтешките несреќи се случила во 2016 година, кога конструкцијата на куќата на Минтер била сериозно оштетена и неговиот автомобил бил целосно уништен.

Минтер со години се расправа со градските и државните власти, надевајќи се дека ќе најде решение за проблемот. Тој побарал забрана за десно вртење од централната лента, што го наведува како причина за поголемиот дел од сообраќајките. И покрај неговите повици за акција, ништо не се променило во последните 50 години.

Минтер подигнал и бариера, која се состои од метални столбови закопани длабоко во земјата. Тој изградил цврст ѕид од тули и поставил големи камења во својот двор за дополнителна заштита. Но и тоа не било доволно бидејќи автомобилите се пробивале низ тие конструкции.

Само поради чиста среќа Минтер и членовите на неговото семејство досега не се повредени.

Градот Сан Хозе сè уште само планира да го поправи овој дел од патот и да го забави сообраќајот, но ништо од тоа нема да се случи барем до 2026 година, поради одобрување на буџети.