Една од најстарите активни автомобилски трки за прв пат се одржала во 1923 година

Трката на издржливост 24 часа Ле Ман постои веќе 95 години. Во овој период, автомобилите што учествувале во трката доживеале големи трансформации, исто како што автомобилската индустрија драматично се променила во тој период.

Повеќето од победниците на оваа легендарна трка доаѓаат од европски автомобилски фабрики, а само три не-европски производители успеале да го најдат своето место на тронот – Ford во 1960 година, Mazda со автомобил напојуван со ротационен мотор во 1991 година и Toyota со хибридниот TS050 Hybrid V6 оваа година.

Првиот победник во 1923 година бил автомобил на сега веќе непостоечкиот француски бренд Chenard & Walker, а се до 1952 година шампиони биле возила со отворен покрив.

Во 1952 година таа традиција ја прекинува Mercedes 300SL и станува прво купе кое триумфира на Ле Ман. Сепак, до средината на 1960-тите, победници се повторно тркачки автомобили со отворен кров.

Трката 24 часа Ле Ман се одржува секоја година, со исклучок на 1936 година, кога штрајкот на работниците предизвикан од големата економска криза ги спречил автомобилите да излезат на тркачката писта, а најголемата пауза е од 1940 до1948, поради Втората светска војна.

Кога трката е вратена во календарот на настани во 1949 година, првиот повоен победник е Ferrari 166 ММ.

Иако тогаш започнува доминацијата на Ferrari, која трае една деценија и пола, италијанскиот производител не е оној кој има најмногу победи во Ле Ман. Имено, Ferrari има победено 9 пати, а рекордот го држи Porsche со 19 титули. На второто место е Audi, кој има 13 победи – сите направени во 21-от век.

Ова се сите победници на трката 24 часа Ле Ман од 1923 до 2018 година.