Точно три недели по првиот продаден модел за сума од 2,1 милион долари на аукција, Toyota Racing Development го претстави GR Supra Performance Line Concept TRD

Supra TRD Concept дава јасен увид на идните сопственици како можат да го модифицираат својот автомобил, иако клучната информација е дека специјалниот оддел на Toyota не менувал ништо во агрегатот, кој е позајмен од BMW.

Фокусот е ставен на аеродинамиката, а на Supra TRD Concept се издвојуваат предниот спојлер, праговите, спојлерот на багажникот и неколку детали од карбон-фибер… Новина се и 19-инчните алуминиумски фелни.

Моделот кој беше лансиран пред три недели во Детроит под хаубата има 6-цилиндерски 3.0-литарски турбо бензински мотор развиен од страна на БМВ. Оваа единица во Supra произведува 340 КС и 495 Nm вртежен момент, што е за 50 „коњи“ помалку од BMW Z4 M40i.

Loading...