![Што е подобро кога се купува SUV модел, бензин, plug-in хибрид или EV? / ВИДЕО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/12/auto.trader.jpg)
Што е подобро кога се купува SUV модел, бензин, plug-in хибрид или EV? / ВИДЕО
Тим од три жени од Велика Британија, специјализирани за тестирање на автомобили, повторно даваат некои одговори
Во центарот на вниманието се SUV моделите. Она што ги разликува трите протагонисти на оваа приказна е – погонот. Имено, Alfa Romeo Stelvio располага со 2.0-литарски турбо мотор, Outlander е plug-in хибрид, додека Jaguar I-Pace има чист електричен погон.
Веднаш заборавете на тест во американскиот стил „Tesla е одличен“, бидејќи овој тест е многу пообјективен, а во фокусот е просечниот британски купувач, што е сосема во ред. Чинителот околу што се се врти во голема мера е поврзан со бројот на километри кои се поминуваат секој ден, како и условите под кои се минува времето во возење.
Alfa Romeo Stelvio располага со еден од најмоќните 2.0-литарски мотори во светот на SUV моделите, а со 280 КС, може да ги исполни сите задачи и тоа многу енергично. Презентерката посочува дека бензинскиот мотор не само што е поевтин од дизелот, туку и поевтин за одржување. Да не заборавиме, скоро секаде во европа бензинот е поевтин од дизелот. Доколку поминувате околу 10-12.000 километри годишно, бензинот е поевтин.
Mitsubishi Outlander од некоја причина е еден од најпопуларните PHEV модели во Британија. Тежок и не е особено привлечен за око. Меѓутоа, кога ја користи батеријата, во електричен режим може да помине 50 километри, додека полнењето може да се врши ноќе преку домашен приклучок. Просто не треба да се грижите дека автомобилот ќе ве изневери пред да дојдете до полнач, а возењето не се разликува многу од она со конвенционалниот модел, освен што се чувствува дополнителната маса.
Миленикот на кога станува збор за избор на Автомобил на годината, Jaguar I-Pace е првиот чист електричен модел на британскиот бренд. Чини приближно колку и двата претходни модели заедно. Без оглед на фактот дека технологијата многу напредувала, има многу работи за кои се уште треба да се размислува, пред се за автономија и достапната инфраструктура.
Погледнете го видеото во прилог!