Извршниот директор на Siemens, Џо Кезер, ги предупреди германските производители на автомобили

Негативниот амбиент кој во последно време ја опкружува германската автомобилска индустрија се чини дека само се продлабочува. Во неодамнешниот „дуел“ со новинарите, шефот на Siemens, Џо Кезер, ги предупреди Германците: „Ако германските производители на автомобили не го „фатат бикот за рогови“, условно кажано, оној кој претставува револуција во областа на електрични автомобили, последиците за германската индустрија ќе бидат кобни“. Кезер оди и понатаму со неговите мрачни предвидувања, алармирајќи ја Германија како држава бидејќи автомобилската индустрија игра многу важна улога кога станува збор за економскиот просперитет и политичката стабилност.

„Ние и понатаму ќе имаме автомобили на улиците, но тие нема да бидат електрични, тие ќе горат”, вели Кезер за новинарите и дополнува дека „успехот на Германија зависи од оваа индустриска гранка”.

Со половина деценија зад себе на чело на втората по големина компанија во Германија, Кезер секако има авторитет да ја искористи својата позиција за да укаже на политичките и индустриски промени кои ја имаат зафатено најмоќната европска економија. Неконтролираниот популизам и отсуство на здравиот разум во донесувањето на политички и бизнис одлуки, и во Германија и остатокот на ЕУ, се целта на неговите коментари. Кезер апелира до производителите на автомобили, кои се ‘рбетот на германската економија, да направат значајни чекори во насока на широка автоматизација на фабриките во земјата.

Иако ова може да биде сигнал за губење на голем број работни места, такви одлуки мора да се направат за да се обезбеди германската економија да биде здрава и стабилна. Направени се промени во корист на „зелена технологија“, а традиционалната индустрија е во позиција која не е во можност да се натпреварува на долг рок на овој предизвикувачки пазар. Дури и Кезер се соочува непосредна закана во форма на намалување на илјадници работни места во Германија, како и закана за затворање на фабриката во Герлиц, благодарение на големиот пад на побарувачката за турбини кои се користат во електричните централи. Во исти проблеми е и големиот ривал General Electric. Според Кезер, кога ќе се додадат последиците од трговската војна, иднината на најголемите германски индустриски гиганти воопшто не е розова.

За Кезер, сите овие проблеми би биле незначителни во однос на другите проблеми пошироко и отпуштањата, кои се резултат на неспособноста на германската индустрија да се усогласи со тековните трендови. Според него, неопходно е германската автомобилска индустрија да направи технолошка трансформација кон електрични и автономни возила.

Проблемите кои германските компании како Volkswagen AG, BMW AG и Daimler ги имаат со дизел технологијата, исто така, придонесуваат за ова. Иако казните се големи, тие можат да се апсорбираат без големи проблеми. Сепак, губењето на високиот менаџмент поради закани за затворање и отпуштање може да биде горчлива пилула. Иако Siemens AG не произведува автомобили директно, тој е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија. Siemens е одговорен за бројни автомобилски компоненти и опрема за автоматизација на производството во фабриките.

Кезер на крајот додава дека евентуалниот колапс на германската автомобилска индустрија ќе има фатални последици и за Siemens на долг рок.