Шефот на Mercedes: Сигурно сме биле пијани сме одобриле развој на хиперавтомобил
Првиот човек на Mercedes, Ола Калениус, на шега го искоментирал напорниот процес на развој на моделот AMG-One, кој се уште не стигнал на пазарот во сериско издание
Калениус потврди дека марката од Штутгарт повеќе информации за својот хиперавтомобил ќе открие за неколку недели. Всушност, се очекува деби на верзијата за испорака на клиентите. Шефот на Mercedes истакнува дека целиот процес на пласирање на пазарот бил исклучително макотрпен и дека бил голема главоболка за раководството.
„AMG и Formula 1 тимовите дојдоа кај управата и рекоа дека имаат одлична идеја – хиперавтомобил со погон од Formula 1. Ќе морам да ги прегледам белешките, но сигурен сум дека сме биле пијани кога прифативме такво нешто“, вели Ола Калениус.
Според досегашните податоци, германската марка ќе започне со производство на споменатиот модел оваа година. Првично се појави уште во 2017 година, а потоа многу брзо беше распродадена цела серија од 275 примероци. Огромен успех, особено ако се земе предвид фактот дека почетната цена беше 2,27 милиони евра за примерок.
Следниве податоци илустрираат за какво возило станува збор. Минатата година Mercedes тврдеше дека перформансите ќе останат на истото ниво како што беше најавено и дека до 200 km/h автомобилот ќе забрзува за нешто помалку од 7 секунди, додека максималната брзина ќе биде 400 km/h.
По премиерата на финалната верзија на моделот AMG-One, Mercedes ќе објави документарен филм за „Танталовите маки“ кои ја снашле оваа марка за време на развојот на хиперавтомобилот.