Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 18.05.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 97,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,624 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,963 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,699% или за 8,600 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,684% или за 29,700 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,390 % или за 2,750 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,573% или за 10,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,8759 ден/$ и е за околу 0,143% понизок од курсот на доларот (58,9599 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.