Како вистински професионалн возач на камиони…

Малкумина се навистина добри во паркирање на приколка наназад, а обидите на почетници често завршуваат со мешавина од фрустрација, непријатности и, во најлош случај, материјална штета.

Повеќето возрасни сопственици на камиони веројатно ќе бидат засрамени од едно дете по име Круз, кое во приложеното видео може да го видите како ја вози својата приколка наназад со минимални проблеми и максимална самодоверба, без да удира во вистинските камионети на неговите родители. Како професионалец …

Како што се испоставило, Круз е ѕвезда на YouTube каналот KV Show во кој си игра со нешто што изгледа како цела флота од минијатурни детски возила.

Овде тој вози сосема нов Ford F-150 Raptor, уште еднаш покажувајќи ги своите луди вештини за возење наназад. Во едно видео, тој влече неколку таканаречени „muscle“ автомобили кој ги има во својот возен парк, вклучувајќи Chevrolet Camaro и Ford Mustang.

На Круз му претстојат уште многу години пред да одлучи што да прави кога ќе порасне, но ако целата работа на YouTube не успее, веројатно би можел да заработи добри пари како инструктор за камиони.