Серхио Перез нема да може да настапи на британското ГП кое се вози овој викенд на Силверстон, откако неговиот тест на СОВИД-19 е позитивен!

Најпрво возачот на Racing Point денот го помина во изолација, а по повторното тестирање подоцна во текот на денот, се потврдило дека е позитивен на корона вирусот.

Formula 1 ги следи строгите инструкции за тестирање, како дел од безбедносните протоколи уште од почетокот на месецот. Ова е прв позитивен случај од случајот McLaren во Австралија и првиот возач кој е позитивен на вирусот.

Позитивниот тест на Перез нема да ги наруши плановите за трката, сè оди според веќе утврдените планови. Racing Point сè уште има регистрирано два автомобила, останува само да биде пријавена замената за Мексиканецот.

Портпаролот на тимот потврди дека мала група членови на тимот, кои биле во контакт со Перез, превентивно биле во изолација и тие чекале на повторно тестирање, како дел од стандардната постапка.