Семејството Вилијамс и дефинитивно ја напушти Formula 1
Во раководната структура на Formula 1 тимот на Williams повеќе нема членови од семејството Вилијамс, кое го основаше тимот пред 43 години, во 1977 година
Сепак, по неколку тешки години, тој и неговата ќерка Клер, заменик-директор, го напуштаат тимот. Тимот ќе го води Dorilton Capital, кој стана нов сопственик пред околу еден месец.
Семејството официјално го напушти тимот по трката за Големата награда на Италија во Монца овој викенд.
„Со оглед на тоа што иднината на тимот сега е сигурна, вистинско време е да се повлечеме. На нашето семејство, Williams отсекогаш беше приоритет. Сепак, сега е вистинското време да се откажеме од лидерските позиции и да им дадеме на новите сопственици можност да го водат тимот во иднина”, изјави Клер Вилиамс пред тркачкиот виденд во Монца. „Ние се занимаваме со овој спорт повеќе од четири децении и сме исклучително горди на досегашните резултати и на она што го оставаме зад нас. Отсекогаш сме биле во оваа работа од љубов, па затоа не беше лесно да ја донесеме оваа одлука”.
Семејството го водеше тимот 43 години. Сепак, на крајот на мај, Williams започна да бара нов стратешки партнер и го најде во Dorilton Capital.
„Ние ја почитуваме одлуката на Клер и семејството Вилијамс да го напуштат тимот. Горди сме што токму ние ќе го воведеме Williams во следната возбудлива фаза од овој спорт”, изјави Метју Севиџ, директор на Dorilton Capital.
Тимот на Williams има освоено девет титули во конкуренција на конструктори, а седум во конкуренција на возачи. Сепак, во последните две сезони, тимот беше последен во шампионатот.
Monza, it's been emotional. Now it's time to start writing the next chapter in our story ?
Mugello, bring it on ?#ItalianGP ?? | #WeAreWilliams pic.twitter.com/GJaKH3a3lG
— Williams Racing (@WilliamsRacing) September 6, 2020
#NL6: "It's been a huge privilege to race for Claire and Frank. I’m going to miss them, Formula One is going to miss them, and I want to wish them all the best of luck for the future wherever life takes them." #ItalianGP ?? | #WeAreWilliams ? pic.twitter.com/Npe3MDLd0B
— Williams Racing (@WilliamsRacing) September 6, 2020
#GR63: "It’s the end of an era & it’s been a privilege to be a part of it. What Claire and Frank have done for the team, & for the people that work for the team, is extraordinary. They’ve always kept them in their hearts & that’s still the case now."#ItalianGP | #WeAreWilliams pic.twitter.com/eWcXwAH62j
— Williams Racing (@WilliamsRacing) September 6, 2020
We are Williams. Always. pic.twitter.com/BmVXu1DJkt
— Williams Racing (@WilliamsRacing) September 6, 2020