Платформата Netflix објави дека во 2022 година ќе објави минисерија од осум епизоди во која главна тема ќе бидат животот и кариерата на легендарниот бразилски возач во Formula 1, Аиртон Сена

Серијата ќе биде направена во соработка со бразилската куќа Гулане и семејството Сена, кои обезбедија пристап до уникатни податоци и уникатна содржина за овој проект.

Осумте епизоди треба да ја покажат интимноста на човекот кој стана национален херој и кој го освои светот, а гледачите исто така ќе можат да се сретнат со семејството на трикратниот шампион во Формула 1. 

Netflix на овој начин го одржува својот интерес за Formula 1 бидејќи во 2020 г. ја снима третата сезона од серијата „Drive to survive“.

Приказната за Сена ќе започне со преселбата на Аиртон во Велика Британија, каде што тој започна да вози во Formula Ford во 1981 година, а завршува со смртта на легендата во 1994 година на трката за Големата награда на Сан Марино.