Од следната сезона, тимот на Renault ќе носи различно име од она на што досега сме навикнале

Името Alpine е веќе познато во мотоспортот, од победите на 24 часа Ле Ман и на рели натпревари. Марката досега не се појавувала како производител во Formula 1, иако Renault првото Гран При во 1977 година го возел со тим формиран од одделот за спортски натпреварувања – Alpine & Gordini.

Шефот на тимот Сирил Абитебул вели дека тимот е решен да се врати на подиумот и да победи со нови бои:

„Оваа промена доаѓа во клучно време за тимот и овој спорт. Alpine донесува ново значење, нови вредности и бои на падокот во духот на натпреварувањата од другите области и француската креативност. Ова ќе биде темел во подготовките за 2022 година.

Извршниот директор на групацијата Renault, Лука Де Мео, исто така е горд на оваа одлука и додава:

„Alpine е прекрасна марка, силна и жива што носи насмевка на вашето лице. Со воведувањето на Alpine област како симбол на француската извонредност во најпрестижната автомобилска дисциплина во светот, ја продолжуваме авантурата на производителот во овој спорт“.