![Секој трет автомобил е хибрид: луксузниот бренд на Toyota со нов рекорд](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2020/02/Lexus-UX-2019-1600-62.jpg)
Секој трет автомобил е хибрид: луксузниот бренд на Toyota со нов рекорд
Lexus во 2019 година продал 765.330 автомобили на глобално ниво, што е за 10% повеќе од 2018 година
Тоа е нов продажен рекорд во историјата на овој јапонски производител на премиум автомобили, а големи заслуги за овој биланс имаат кросоверот UX, редизајнираната ES лимузина, како и популарниот SUV RX, кој исто така е рестилизиран во август 2019 година.
Скоро третина од ланската продажба се хибриди (околу 250.000), а Lexus има продадено дури 1,7 милиони хибриди од лансирањето на првиот хибриден погон модел во 2005 година.
Следејќи го успехот на пазарот за хибридни модели, Lexus сега отвора ново поглавје во својата историја со претставувањето на првиот електричен автомобил, UX300e.