Се поблиску моментот кога ништо нема да биде исто на патиштата
Доколку цената на класичните и електричните возила е иста или слична, а трошоците за електричните автомобили многу пониски, јасно е во која насока ќе размислуваат возачите во иднина
Точката на пресврт во автомобилската индустрија во која во иднина електричните возила ќе имаат поголем удел на пазарот од конвенционалните автомобили кои се напојуваат со SUS мотори, е поблизу отколку што мислиме, а таа пресвртна точка е пред се цената.
Цените на електричните автомобили и класичните бензинци наскоро би можеле да се израмнат, а тоа ќе привлече голем број на возачи да се префрлат на електрична енергија затоа што, како што истакнува потпретседателот на групата VW, Рајнхард Фишер, откако еднаш ќе се надминат стравувањата од нешто ново, луѓето ќе разберат дека електричните возила се подобар избор.
Тој, исто така, ги истакнува трошоците за поседување електрично возило, кои според неговиот пример се двојно помали од трошоците за поседување автомобил со мотор со внатрешно согорување. Неговата математика е јасна – ако цената на класичните и електричните возилата е иста или слична, а трошоците за електричен автомобил се многу пониски, јасно е во која насока ќе размислуваат возачите во иднина.
Плановите на Volkswagen за следната деценија и нејзините дванаесет брендови во рамките на VW групата вклучуваат лансирање на скоро 70 е-модели до 2028 година и инвестиции од десетици милијарди долари во развој на електрични возила во наредните години.
Пред неколку месеци, VW го претстави своето прво сериско електрично возило – ID3, чија цена за основниот модел треба да биде помала од 30.000 €, додека првата верзија што ќе се појави на пазарот ќе чини околу 10.000 евра повеќе. Покрај цената на самите возила, уште еден голем предизвик што ќе треба да се реши ќе бидат станиците за полнење, но со тек на време работите ќе дојдат на свое. Фишер вели дека во САД, горивото првично се продавало гориво во аптеки, а денес има 122.000 бензински пумпи . Има се повеќе и повеќе станици за полнење низ целиот свет, а нивниот број ќе продолжи да расте за да се задоволи потребата на се поголемиот број е-возила.