Сочуван Ferrari Dino 246GT Coupe примерок од 1971 година, на 23 февруари ќе се најде на традиционалната Силверстоун аукција во Англија

Станува збор за многу редок автомобил, бидејќи е еден од само 235 изработени примероци со волан на десната страна (не е познато колку се зачувани). Покрај тоа, се претпоставува дека само 2 или 3 автомобили со волан на десната страна се оригинално произведени во Azzuro Dino нијанса на сина боја.

Внатрешноста на возилото е покриена со Nero кожа, а автомобилот е опремен со радио уред, како и електрични команди за прозорците.

Аукцискиот модел до првиот купувач е доставен во декември 1971 година, а оттогаш променил четири сопственици и поминал 83.341 километри. Моторот бил детално сервисиран во 1991 година, а истата година е префарбан со оригиналната нијанса на сино. Сегашниот сопственик наведува дека во 2018 година тој ги заменил сопирачките, како и делови од системот за суспензија.

Се очекува оваа ретка копија на класикот Ferrari Dino од пред половина век да достигне аукциска цена помеѓу 240.000 и 280.000 фунти.