Доаѓа кросовер со четири седишта и 600 КС

Германскиот производител на спортски автомобили објави дека по моделот Taycan, во производство ќе влезе и Mission E Cross Turismo Concept.

Електричниот кросовер на Porsche сè уште нема официјално име, и со оглед на тоа дека е надградена верзија на Taycan, веројатно ќе добие само додаток кон името – Cross Turismo. Германскиот гигант овој автомобил го опишува како елегантен CUV (Crossover-utility) и најавува дека возилото со должина од 4,95 метри ќе има автономија од 500 километри и моќ од 600 КС.

За внатрешноста, Porsche подготвува нов мултимедијален систем Smart Cabin, кој е сличен на оној во Mission E. Се одликува со два дисплеја над централната конзола – левиот за навигација, музика и слични работи, а другиот за контрола од страна на совозачот. На централната конзола нема ниту копче ниту прекинувач, а се крева до контролниот панел каде што има нов дисплеј со икони на Apple. Сепак, овој мултимедијален систем сè уште е во развојна фаза за производната верзија и сè уште не е целосно функционален. Оваа технологија нема да биде достапна во Taycan 2019, но ќе биде имплементирана подоцна.

Овој четирисед веќе бил на тест со тимот на Auto Build, кој го испробал во планините над елитната населба Малибу во Лос Анџелес. Тие нагласуваат совршено избалансиран волан, сигурен систем за сопирање, стабилност на патот, извонредна удобност и покрај 20-инчните тркала и двојниот електричен мотор гладен за „гас“.

Од Porsche тврдaт дека нивниот електричен кросовер забрзува од 0-100 km/h за 3,5 секунди, а до 200 km/h доаѓа за помалку од 12 секунди. Благодарение на 800-волтната литиум-јонски батерии, тој може да биде подготвен за патување за 15 минути.

Електричниот Porsche crossover на пазарот треба да стигне во 2020 година.