![Само за колекционери: Се продава редок примерок од Ferrari Dino](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/02/1972-ferrari-dino-azzuro-rare-auction-3.jpg)
Само за колекционери: Се продава редок примерок од Ferrari Dino
Сочуван Ferrari Dino 246GT Coupe примерок од 1971 година, на 23 февруари ќе се најде на традиционалната Силверстоун аукција во Англија
Станува збор за многу редок автомобил, бидејќи е еден од само 235 изработени примероци со волан на десната страна (не е познато колку се зачувани). Покрај тоа, се претпоставува дека само 2 или 3 автомобили со волан на десната страна се оригинално произведени во Azzuro Dino нијанса на сина боја.
Внатрешноста на возилото е покриена со Nero кожа, а автомобилот е опремен со радио уред, како и електрични команди за прозорците.
Аукцискиот модел до првиот купувач е доставен во декември 1971 година, а оттогаш променил четири сопственици и поминал 83.341 километри. Моторот бил детално сервисиран во 1991 година, а истата година е префарбан со оригиналната нијанса на сино. Сегашниот сопственик наведува дека во 2018 година тој ги заменил сопирачките, како и делови од системот за суспензија.
Се очекува оваа ретка копија на класикот Ferrari Dino од пред половина век да достигне аукциска цена помеѓу 240.000 и 280.000 фунти.