Директорот на Audi, Брем Шот потврди дека германската компанија дала зелено светло за сериско производство на суперавтомобилот PB18 Audi e-tron

Овој целосно електричен суперавтомобил ќе се појави во следните година до две, но производството ќе биде ограничено само на 50 единици.

Официјални информации за спецификациите нема, но познато е дека концептот PB-18 има три електрични мотори со вкупно 680 коњски сили и 830 Nm вртежен момент, а има и опција со 775 КС.

Концептот наводно од место до 100 km/h забрзува за околу две секунди, а потенцијалните купувачи секако дека се надеваат дека сериската верзија ќе има слични перформанси.

Што се однесува до автономијата, Audi ветува солиден капацитет на издржливост на батеријата од 95 kWh, што треба да обезбеди автономија од 500 километри помеѓу две полнења на 800-волтниот систем кој овозможува максимално полнење за само 15 минути.

Карактеристика на овој автомобил е средишно поставениот волан како и кај McLaren F1, но за разлика од McLaren сопственикот на Audi PB-18 e-tron ќе може по своја желба да го преместува лево или десно, иако гаранција за оваа опција во производната верзија сеуште нема.

Loading...