Сам се придвижил! „Викенд механичар“ за малку ќе ги загубел нозете додека пред својата куќа го поправал својот камионет! ВИДЕО
Со оглед на поволниот исход на крајот, видеото сепак е забавно, но и со предупредување на потребата од преземање безбедносни мерки
Многу љубители на автомобили секогаш знаат како да поправат нешто сами дома. Некои се попрофесионални, други само „викенд мајстори“, но во секој случај, што и да поправате или средувате на вашиот автомобил во сопствена режија и без разлика на вештината, безбедноста е најважна.
Една важна безбедносна мерка е блокирањето на тркалата за да се обезбеди автомобилот од придвижување, и обично се користи кога автомобилот е на пат под агол.
Видеото подолу споделено на YouTube каналот ViralHog, покажува што се случува кога не го правите тоа.
На снимката се гледа Chevrolet Silverado паркиран на влезот од дом со отворена хауба покрај друг VW Golf, а под камионетот е сопственикот кој се впуштил во некои поправки. Потоа се слуша тресок и камионот почнува да се движи кон патот. „Викенд-механичарот“, за среќа, навреме ја трхнал ногата за да не биде прегазен од сопствениот камионет во движење.
Во моментот кога камионетот целосно се „лизнал“ на патот, гледаме човек кој останува неповреден кој се симнува од асфалтот и почнува да трча по возилото обидувајќи се да го успори фаќајќи се за хаубата и лизгајќи се по асфалтот додека камионетот го влече.
Се чини дека камионетот се лизнал преку патот само до соседната пешачка патека бидејќи на крајот гледаме човек како го турка назад во сопствениот двор.
Во секој случај, на крајот се добро се завршило, а жената која го следела целиот настан конечно можела да здивне …