Од следната година, Aston Martin би можел заедно со Mercedes да биде одговорен за безбедносните возила на трките во Formula 1, пренесува motosport.com.

Од 1996 година, Mercedes има ексклузивно право да обезбедува безбедносни возила за трките во најбрзиот караван во светот.

Иако германскиот производител на автомобили досега беше посветен на овој бизнис, во тек се разговори за ревизија на договорот за 2021 година. Конечната одлука не е донесена, но странските медиуми јавуваат дека постои голема веројатност Mercedes повеќе да не биде единствениот „снабдувач“.

Иако Mercedes ќе продолжи да игра голема улога, можно е таа одговорност да биде споделена со Aston Martin. Двајцата производители подеднакво би го делеле уделот во текот на сезоната, таквата промена би се случила со цел да се подели финансискиот товар помеѓу двете компании.

Loading...