Британскиот CarMagazine, пренесува Auto Republika, тврди дека групацијата Volkswagen е на прагот да го продаде Bugatti. Како главен кандидат за купување се наведува хрватскиот Римац!

CarMagazine понатаму посочува дека Volkswagen е подготвен преку Porsche да му го отстапи Bugatti на Rimac, со тоа што ќе бараат да добијат поголем удел во хрватската компанија. Неименувани извори на британското списание тврдат дека раководството на групацијата VW веќе го одобрило овој потег и дека сега чекаат позитивен одговор од надзорниот одбор на германскиот гигант.

Зошто Bugatti да го менува сопственикот? Ова е прашање нема толку едноставен одговор. Наводно, групацијата Volkswagen повеќе не сака да инвестира пари во брендови кои беа омилени на поранешниот директор Фердинанд Пих. Наместо да инвестира во овие брендови, парите ќе бидат инвестирани во програми за електрификација, дигитализација и технологија за автономно возење.

Но, како да се убеди семејството Пих да дозволи продажба на Bugatti? Британското стручно списание е убедено дека клучот е во Porsche, затоа што ако тие го убедат семејството Пих дека овој потег е од корист за самото Porsche, тогаш не би требало да има никаков проблем.

Потсетување дека Porsche инвестираше во Rimac Automobili пред две години, кога купи 10% од акциите на компанијата. Само една година подоцна, тие купија уште 5,5%. Но, германската марка не е единствената што инвестирала пари во хрватската компанија, па така учество имаат и Koenigsegg, Hyundai, Magna … Многумина од нив го забележале големиот потенцијал на овој производител на електрични автомобили.

Вредноста на Rimac Automobili е тешко да се одреди. Мате Римац има контролен удел од 51%, а следен најголем акционер е Porsche, потоа групацијата Camel и еден кинески инвеститор. CarMagazine наведува дека проценката дека Bugatti вреди околу 500 милиони евра.

Наводно, групацијата VW е подготвена да му го предаде Bugatti на Rimac, под услов да добијат 49% удел во компанијата. Можеби премногу голем залак, би рекол некој. Rimac би ја добил и комплетната инфраструктура на францускиот производител. Според информациите со кои располага CarMagazine, Мате Римац веќе бил во посета на седиштето на Bugatti во јули оваа година.

Британските новинари наведуваат дека ова во суштина е само почеток на продажбата на „хоби“ брендовите во рамките на групацијата Volkswagen. На мета се и Lamborghini, Ital Design, Bentley и Ducati. Дали и која од овие компании ќе биде понудена на продажба веројатно ќе дознаеме во наредните месеци.

Целата приказна за продажбата или трансферот на Bugatti може да добие епилог до крајот на годината, доколку сите фактори во групата VW го одобрат овој потег. Сепак, останува прашањето дали CarMagazine има проверени извори. Но ако се земе во предвид фактот дека британскиот професионален печат е особено близок до Volkswagen, сигурно е дека ова списание се занимава со информации до кои другите новинари сè уште немале пристап.

Интересно во секој случај.

Извор: AutoRepublika