Еколошката организација Greenpeace покрај забраната, предлага инвестиции во развој на велосипедската мрежа во Европа и јавниот превоз, особено железниците.

Организацијата за заштита на природата својот предлог за забрана за продажба на нови автомобили со бензински и дизел мотори го базира на одредбите на „Парискиот климатски договор“.

За да ги постигнат своите цели, европските земји треба да ја забранат продажбата на нови дизели и бензинци најдоцна до 2028 година, а во 2040 година на патиштата на нашиот континент да нема возила со мотори со внатрешно согорување.

Студија објавена од страна на Greenpeace заклучува дека емисијата на штетни гасови во сообраќајот во Европа се зголемила за 28% во споредба со 1990 година.

Затоа оваа организација предлага инвестиции во развој на велосипедската мрежа и јавниот превоз, особено железниците.