Се враќа ли легендата?

Интересно, дизајнерот додал елементи како што се решетка и тркала слични на автомобилите кои во моментов се нудат од Alfa Romeo

Под капата на Stellantis, најавено е ново време за Alfa Romeo на глобално ниво. Токму поради тоа, дизајнерите се инспирирани од некои култни класични модели и нивните инкарнации во денешно време, а еден од интересните рендери е оваа Alfa Romeo Montreal.

Причината е едноставна. Освен ултра скапиот 8С, кој беше кратко произведуван, Alfa со години не претставила вистински GT Coupe модел како легендарниот Montreal. Токму од овие причини графичкиот дизајнер Марко Пјетро Малтесе решил да прикаже таков автомобил со модерен поглед на Montreal.

Наречен Montreal Hommage, автомобилот црпи инспирација од оригиналот од 1970-тите, со кого го дели и името. Малтесе вели дека новата интерпретација е замислена и како GT Coupe со високи перформанси како поттик да се потсети јавноста за најдобрите денови на Alfa Romeo.

Линиите на оригиналниот Montreal изненадувачки добро се вклопуваат во модерниот дизајн: од карактеристичните прорези на фаровите, задните шини на покривот со отвори за ладење, до краткиот „отсечен“ заден дел… Севкупната форма го буди духот на Montreal без да изгледа застарено.

Интересно, дизајнерот додал елементи како што се решетката и тркалата слични на оние на автомобилите што моментално се нудат во Alfa Romeo. Малтесе не дава никакви детали за погонскиот систем, но што и да може да има на ум – без разлика дали е бензинец, електричен или обете – сигурно може да надмине 200 КС и 235 Nm, како што беше постигнато со 2.6-литарскиот V8 мотор во Montreal…

Забелешка дека станува збор за рендери кои што не се поврзани со Alfa Romeo.