Кросоверот има комплетно променет ентериер, а познати се и цените за Европа

Европската дивизија на Jeep го претстави ажурираниот Compass. Кросоверот веќе беше прикажан во верзија за кинескиот пазар минатата есен, но верзијата за Стариот континет има мали разлики во поглед на дизајнот, моторите и технологијата.

Ажурираниот Compass е првиот модел на Jeep дизајниран за Европа од создавањето на концернот Stellantis. Кросоверот добил потесни фарови, а над нив се наоѓаат дневните светла. Предната решетка, поделена на два хоризонтални делови, е редизајнирана, променета е положбата на светлата за магла, радарот за темпоматот и камерата за возење наназад. Вратата на багажникот сега е со електричен погон и сензор за автоматско отворање. 

Далеку посериозни се промените во внатрешноста на моделот. Jeep може да се пофали дека ентериерот е создаден практично од нула, со нова архитектура на предниот панел, редизајниран централен тунел со потпирачи за раце и комплетно нов управувач.

Инструмент таблата се состои од 10,25 инчен дигитален дисплеј, а оној на мултимедијалниот систем Uconnect 5 може да биде 8,4 или 10,1 инчи. Вториот нуди поддршка за Apple CarPlay, Android Auto и Amazon Alexa. Покрај тоа, Jeep ги зголемил опциите за прилагодување, со тоа што клиентите можат да избираат материјали за внатрешноста и да комбинираат различни бои.

Моторната гама на Jeep Compas веќе е ажурирана минатата пролет, така што нема изненадувања. Дизел моторот 1,6 MultiJet II располага со 130 КС и 320 Nm вртежен момент, а 1.3-литарскиот турбо бензинец е достапен во верзија со 130 или 150 КС. Достапна е и хибридна верзија 4xe, која исто така се базира на бензински мотор. Со него, со помош на електромоторот, максималната моќност е 190 или 240 КС. Во зависност од единицата, менувачот може да биде 6-степен мануелен, автоматски или роботизиран DDCT.

Ажурираниот Jeep Compass нуди и проширен опсег на системи за асистенција. Ова е првиот американски модел кој има интелигентен темпомат со второ ниво на автономност. Компактниот теренец може да препознава патокази, пешаци и велосипедисти, да ја следи состојбата на возачот и да помага при паркирање со опционален систем на кружни текови.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1FHWluHaQWc2ZdI5AkTvrlpDJjhSkrf38″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Ажурираниот модел ќе се произведува во фабриката во Мелфи во Италија, а ќе биде достапен во 5 верзии: Sport, Longitude, Limited, S, Trailhawk, како и во јубилејна 80th Anniversary едиција. Основната цена во Италија започнува од 36.100 евра, а испораките ќе започнат за околу три месеци.