Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија на 07.04.2021 година, одржа седница на која донесе Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што е извршено усогласување со новиот Закон за изменување и дополнување на Законот за акцизи.

Со Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни ценина нафтените деривати и горива за транспорт, е направена измена на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.04.2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/21), со што износите на одделни елементи кои влегуваат во структурата при формирањето на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, се променети согласно променетите износи на акцизите, дефинирани со прописите за акцизи.

Имајќи го во предвид погоре наведеното, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 3,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 13,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, не се променува и истата останува на исто ниво, како што била утврдена со одлуката од 05.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,779 ден/кг