Како што веќе најавивме, минатата недела ДодајГас и Клип Медиа беа дел промоцијата на Twingo CUP Eurocup кој влегува во својата петта сезона, а кон кој оваа година се приклучува и нашата земја

Промоцијата и промотивното возење во организација на Reanult Sport како организатор на TWINGO CUP и официјални претставници на LEMA RACING TEAM, се одржа на тркачката патека во Серес, Грција, а на местото на настанот се упативме на покана на Аутомотив Груп – главниот увозник за Renault во Македонија.

Претставниците од Lema Racing Team навистина темелно се потрудија го претстават самото натпреварување, погонскиот агрегат во возилата, како и профилот на возачите кои ќе учествуваат на престојните трки, дел од нив и во нашата земја.

Идејата на ова натпреварување е во центарот на вниманието да бидат возачите и нивните способности за управување со унифицираните Renault Twingo возила, а кои за целта се специјално модифицирани од страна на Lema Racing Team со цел да ги имаат сите безбедносни и брзински карактеристики.

Кои се спецификациите на возилото кое може да се натпреварува:

  1. Основно возило за преработка Renault Twingo 3 AHB 005
  2. 1.0-литарскиот атмосферски бензински мотор со три цилиндри е скоро идентичен со оној кој се вградува во сериското Twingо
  3. Моторот поради корекции на издувната грана добива излезни 78 КС
  4. Амортизацијата ја добива од Eibach со посебно штелување на геометријата на тркалата
  5. За безбедноста е избран реномираниот бренд Sparco roll cage, а вклучува седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;
  6. Пневматиците се полуслик изведба од производителот Nankang со Sparco алуминиумски фелни;
  7. Инструмент таблата е од производителот AIM на која е поставен GPS систем, се бележат времињата, моменталната брзина и вртежи;
  8. Останатите аеродинамични посебни делови се од LEMA.  

Што се однесува до трките, планирани се по 8 трки (4 кружни и 4 ридско-брдски) во текот секоја од наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација кој ќе биде дополнително објавен. На крајот од секоја сезона за победниците односно првите три места се предвидени парични награди, додека пак на крајот од третата сезона како главна награда за победникот во генереалниот пласман е предвидено 100% електричното возило Renault TWIZY.

[useyourdrive dir=”1YttuuPjoVgSwmDFndU875e2EwTDcb0JQ” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

На крајот од денот, домаќинот Аутомотив Груп ни даде шанса со неколку кругови и самите да се увериме во квалитетите и перформансите на возилата, со тоа што ни беше овозможено да управуваме со едно од подготвените возила на самата патека. Одличен завршеток на причилно адреналинскиот ден на патеката во Серес.