Автомобилските гиганти ќе изгубат околу 7,4 милијарди евра

Секоја година, стандардите за заштита на животната средина стануваат сé повисоки, а производителите мораат континуирано да ги усовршуваат погонските агрегати на своите автомобили и да додаваат нови системи за прочистување. Сега производителите тргнуваат по друг пат – електрифицирање на нивните модели, што треба да помогне во исполнување на новите стандарди. Меѓутоа, проблемот е што уделот на електричните возила се уште е многу мал.

Агенцијата Finmarket истакнува дека во 2021 година, новите автомобили ќе мора да емитуваат 95 грама CO2 по поминат километража, што во моментов не го покрива ниту еден европски производител. Тоа значи дека секој од нив ќе треба да ги подобри еколошките показатели на своите автомобили за околу 20%.

Експертите од UBS AG пресметале какви загуби ќе претрпат поединечни производители. Најголеми загуби ќе претрпи групацијата PSA, чиј приход може да се намали за 25%. На второ место е Fiat Chrysler со загуби од околу 20%. Во Volkswagen, штетата ќе биде помала – до 13%, а во Renault околу 10%.

Сериозни загуби ќе претрпат и производителите на луксузни автомобили. Еден од нив, Bnetley, веќе призна дека новите еколошки стандарди довеле до пад во минатогодишната продажба за 11%.