Иако купувањето на нов автомобил секогаш е задоволство, сепак, од економска гледна точка не секогаш се прави најдобриот избор

Многумина ќе ви кажат дека нов автомобил губи 30% од својата вредност во оној момент кога сопственикот ќе го извади од салон. Можеби не секогаш, но ова не е далеку од вистината. Најновите истражувања покажуваат дека во првите пет години автомобилите губи 52% од вредноста.

Се разбира, разликите се големи во зависност од брендот на автомобилот, моделот и класата, што во голема мера ја диктира цената на користено возило.

Во моментов, најдобар избор во овој поглед е Volkswagen Golf и Renault Clio. Германската гордост губи само 12% од цената во првата година од купувањето, а „французинот“ околу 16%.

Генерално, цена најдобро држат германските автомобили (истражувањето е поврзано со нашиот регион), а најценети се премиум брендовите – Porsche, Mercedes, Audi, BMW и споменатиот VW.

По Германците, купувачите најмногу ја вреднуваат Toyota, добро се држат и Французите и покрај различните ставови на јавноста, додека зад нив се брендовите од Јужна Кореја.

Купувачите имаат најмалку доверба во користени возила од производителите во Италија и САД.

Кога станува збор за класа, најмногу губат на вредност луксузните автомобили како Audi A8 и BMW Серија 7, кои губат дури 61% од вредноста во првите пет години.

Најдобра цена, логично, држат малите градски автомобили, а потоа следат компактите и средната класа. Цена држат и SUV автомобилите, што е очекувано со оглед на популарноста последниве години.

Се разбира, постојат огромни варијации во рамки на иста класа, па така на пример, многу повеќе се цени половен Porsche Macan, кој по пет години губи 46% од вредноста во споредба со, на пример, VW Touareg (52%) и Alfa Romeo Stelvio (57%) .

Што се однесува до типот на погонот, вредноста најбргу паѓа на електричните автомобили. Пет години по купувањето, тие губат 53% од нивната вр едност.

Loading...