Францускиот бренд е уверен дека уште еден модел со зголемен клиренс во Б-сегментот би бил хит

Renault во оваа класа веќе го има Captur, кој досега се покажа одлично во комерцијална смисла. Французите сепак сакаат уште еден автомобил, следејќи Ford кој истовремено ќе ги нуди моделите Ecosport и Pumа, кои се во истиот сегмент, но сепак претендираат на два различни типови на клиенти.

Според британските стручни медиуми, Renault размислува за уште еден мал кросовер веќе две години. Сестринскиот модел на Captur всушност е Clio со зголемен клиренс, а својата официјална премиера треба да ја има следната година

Она што се очекува е сестринскиот модел на Captur да биде достапен со бензински и дизел мотори, но исто така да има и plug-in хибридна верзија. Со цел двата адути во Б-сегментот да делат иста платформа и гама на мотори, логично е следниот кросовер да биде составуван во фабриката на Renault во Ваљадолид, Шпанија.

Loading...