Француската марка објави нацрт-план за заштеда на 2 милијарди евра во текот на следните три години

Renault, кој беше тешко погоден од кризата предизвикана од пандемијата на COVID-19, одеднаш се најде меѓу најзагрозените производители на автомобили во Европа. Со помош на државата и споменатиот план за штедење, во компанијата очекуваат кризата да се надмине.

Француската влада го условува Renault дека не треба да има затворање на фабрики во матичната земја, доколку компанијата сака државна помош. Затоа, од Renault најавуваат дека сите фабрики ќе преживеат, но дека одредени постројки ќе мора да поминат низ големи промени.

Така, погонот во Дијеп ќе биде трансформира откако сегашниот Alpine A110 ќе го достигне крајот на својот пазарен живот, што значи дека овој модел нема да добие нова итерација. Фабриката во Флинс исто така би требало да биде реорганизирана, а слична судбина ќе имаат и повеќето други погони во Франција.

Кога станува збор за погоните надвор од татковината на Renault, фабриката на Dacia во Романија нема да добие зголемување на производниот капацитет, а тоа нема да случи ниту во фабриката во Мароко. Намалување на производството во Русија исто така е опција. Покрај тоа, голем чекор е напуштањето на заедничкото вложување со Dongfeng, а со тоа и напуштањето на кинескиот пазар.

Сето ова ќе резултира со драстично намалување на производствениот капацитет на Renault. Минатата година се произведени околу 4 милиони возила под капата на овој бренд, а целта е тој број да биде околу 3,3 милиони до 2024 година.

Покрај сето ова францускиот бренд најавува и голем број откази. Надвор од Франција, ќе следат повеќе од 10.000 откази, додека во домашните фабрики, прогресивно ќе бидат отпуштени околу 4600 работници.

Иако претходно пишувавме и се наведуваше дека така и ќе биде, во најавата на Renault за медиумите, нема индиции дека претходно наведените автомобили, Espace, Scenic и Talisman навистина ќе бидат испратени во пензија.

Францускиот бренд најавува дека нема да се откаже од електричните автомобили, згора на тоа, тие најавуваат уште поголеми инвестиции во оваа технологија и развој на нови модели.

Планот на Renault треба да заштеди 2 милијарди евра во текот на следните три години. Сепак, овие мерки не доаѓаат бесплатно, а Французите проценуваат дека имплементацијата на стратегијата ќе ги чини околу 1,2 милијарди евра.