Доколку некогаш сте го гледале видеото од Top Gear за тест на издржливост на Hilux и сте помислиле дека е само добра реклама, ова видео можеби ќе ве разувери

Веројатно некои од вас се сеќаваат на култното шоу во кое екипата на Top Gear се обидува да го „убие“ камионетот на Toyota, но не успеваат. Прво го потопија, потоа паркираа на зграда која ја срушија, но Hilux и по сето тоа проработува.

Во новиот пример е снимен навистина „добро“ оштетен примерок кој сè уште вози на автопатот. Терминот оштетен кај овој Hilux значи дека на трупот паднало големо дрво и скоро го преполовил трупот. Геометријата на возилото е „малку“ нарушена, покривот срамнет со земја, но… едноставно работи и се движи.

Во продолжение и видеото од Top Gear, за оние кои не знаат за што станува збор.