Алијансата Renault Nissan Mitsubishi се подготвува за следната фаза од својата трансформација

Благодарение на најавените инвестиции од дури 25 милијарди долари во следните пет години, овие три марки заеднички ќе развијат и лансираат најмалку 35 нови електрични модели до крајот на деценијата.

Во новото соопштение од Алијансата во кое детално е опишан патоказот за трите автомобилски производители, Алијансата вели дека 90 отсто од овие 35 нови електрични возила ќе се засноваат на пет заеднички платформи. Тоа се CMF-AEV, KEI-EV, LCV-EV, CMF-EV и CMF-BEV, а секоја од нив покрива различен сегмент на возила на пазарот.

Платформата CMF-BEV, која моментално е во развој, ќе биде лансирана во 2024 година и ќе служи како основа за наследникот на Nissan Micra, новиот Renault R5 и Alpine.

За да ја направи електричната мобилност подостапна за масите, Алијансата ќе работи со заеднички добавувачи. Производителите имаат за цел да постигнат значителни заштеди во трошоците за батерии за дури 50 проценти до 2026 година и 65 проценти до 2028 година. Врз основа на проценките, Renault Nissan Mitsubishi Alliance сака да има вкупен капацитет за производство на батерии од 220 GWh во неколку производствени локации ширум светот.

Renault Nissan Mitsubishi Alliance, исто така, ќе навлезе подлабоко во автономните технологии со амбициозен план до 2026 година да има повеќе од 10 милиони возила на патиштата опремени со системи за самоуправување.

Алијансата до 2025 година ќе го лансира своето прво „целосно софтверски дефинирано возило“ со ветување за доживотно безжично ажурирање на софтверот.