Ford објави кратко соопштение со кое го запозна светот дека е произведен 40-милионитиот примерок од линијата F-Series

Честа да го носи бројот 40.000.000 му припадна на Ford F-150 Tremor во Iconic Silver боја.

F-Series линијата за првпат на пазарот се појавува во 1947 година и со текот на годините, покрај F-150, е проширена и со поголеми модели како F-250 и F-350. Со сегашната генерација, меѓудругите достапни се и хибридни и целосно електрични варијанти, како и верзии Raptor и Tremor.

F-Series останува најпопуларното возило во Америка, 40 години по ред (минатата година во САД се продадени 726.004 единици).