Renault ќе инвестира една милијарда евра во електрични автомобили
Францускиот авто-гигант овие средства ќе ги инвестира во четирите домашни фабрики
Франсцускиот Renault и досега, заедно со Nissan, работеше на технологијата за електрични автомобили, а двата најуспешни производ во оваа област се Renault Zoe и Nissan Leaf.
Најновата инвестиција е наменета, меѓу другото, за развој на нова електрична платформа која ќе ја користи Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и која ќе се произведува во фабриката во Дуе.
Покрај тоа, дел од парите се наменети и за дуплирање на капацитетот на фабриката Flins, единствената во која се произведува Renault Zoe. Планирано е и тројно зголемување на капацитетот за производство во фабриката Клеон во која од 2021 година ќе се произведува новата генерација на електромотори за електричните возила.
Renault дел од инвестициите ќе намени и за погонот Мобеж, каде ќе се произведува следната генерација на Kangoo, вклучувајќи го и електричниот Kangoo Z.E.
Најавените инвестиции во развој и производство на електрични автомобили се дел од стратешкиот план на Drive The Future, кој, меѓу другото, предвидува развој и лансирање на 8 потполно нови и 12 електрифицирани (хибридни) модели, до 2022 година.