Renault го обнови целото семејство Megane, а најзначајна вест е воведувањето на plug-in хибридна варијанта

Засега се нуди само за караванската верзија, и тоа зад етикетата Е-Теch. Во составот влегува 1.6 бензинец комбиниран со два електрични мотори и батерија од 9,8 kWh. Сето тоа вкупно дава 160 КС и доаѓа во комбинација на сосема нов менувач. 

Моделот само на струја може да мине и до 50 км (со максимална брзина од 135 km/h, а во град дури и до 65 км во градот. Тој нуди три начини на работа, имено Pure, MySense и Sport, каде првиот е електричен, а вториот настојува да ја максимизира автономијата. Третиот јасно кажува дека дава максимум од сите три погони.

Визуелните иновации на моделот се скоро невидливи. Станува збор за ревизија на браниците и отворите за воздух во предниот дел, нешто поизразени лакови на тркалата како и цела нова линија на фелни заедно со нови нијанси за каросеријата.

Внатре, новините почнуваат од со 10.2-инчниот екран од дигиталниот кокпит кој се надоврзува со 9,3-инчен екран од инфозабавниот систем. Предната конзола е редизајнирана, додадени се нови материјали, а во опремата е додаден системот Highway & Traffic Jam Companion од второ ниво на автономно возење.

Понудата на погонски единици заедно со веќе споменатиот хибрид ја чинат 1.0 TCE со 100 КС, како и 1.3 TCe бензинец со три нивоа на моќност (115, 140 и 160 КС). Кај дизелите тука е 1.5 dCi со 95 и 115 КС. Во понудата и понатаму останува RS нивото на опрема, но и моделот RS со 300 КС и 420 Nm. На врвот од понудата е RS Trophy со Cup подвозје и побогата опрема.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Цените ќе бидат објавени со почетокот на продажбата најавена за престојното лето.