Дванаесет суперавтомобили еден до друг во битка за докажување кој е најдобар

Трките за забрзување можат да бидат многу возбудливи кога на стартната линија имате првокласни „ѕверови“ на четири тркала. Дуелите отсекогаш биле најпопуларни, но трките во кои учествуваат 3, 4, 5 и повеќе возила се се почести.

Трката која ви ја нудиме е во организазија на познатиот автомобилски магазин MotorTrend и слободно може да се нарече „најголемата досега организирана трка во светот во забрзување“, во која учествуваат дури 12 возила.

Иако генерално сите машини се првокласни суперавтомобили, сепак и однапред може да се предвиди кои се фаворити, а кои аутсајдери. Проценете и сами. На стартната линија се нашле McLaren Senna, Porsche 911 Carrera S, Aston Martin DBS Superleggera, BMW 850 xDrive, Bentley Continental GT, BMW M2 Competition, Mercedes-AMG GT 63 S, Jaguar XE SV Project 8, Lamborghini Urus, Toyota Supra, Dodge Challenger Hellcat Redeye и Ford Mustang Shelby GT350. Вкупната моќност на автомобилите е околу 7.000 КС. 

Кој е најдобар во забрзување погледнете и сами во приложеното видео.

Loading...