Една година по лансирањето во Русија, компактниот теренец Arkana пристигнува и во останатите европски земји.

Renault Arkana RS LINE

Renault Arkana на рускиот пазар е присутен од јули 2019 година, а во февруари годинава пристигна во Јужна Кореја под името Samsung XM3.

Сега, францускиот производител објави дека Arkana ќе пристигне и на европскиот пазар во првата половина на 2021 година.За разлика од руската верзија, која се базира на постарата, механичка платформа В0+, европскиот Renault Arkana ја користи модуларната платформа CMF-B, на која се базираат најновите верзии на Clio и Captur, а ќе се составува во Бусан, Јужна Кореја, заедно со Samsung XM3.

Сепак, и европскиот модел ќе се разликува од корејскиот, особено кога станува збор за погонските системи.

Во Европа, Renault ќе понуди верзија со хибриден погон E-Tech Hybrid со вкупна моќност од 140 КС. Покрај неа, ќе бидат достапни и два таканаречени „благи“ хибриди со 12-волтен систем (TCe 140 и TCe 160).

Кога станува збор за класичниот хибрид E-Tech, тој се состои од 4-цилиндерски 1.6-литарски бензинец и два електромотори. Автомобилот секогаш се стартува на електрична енергија, а од Renault тврдат дека автомобилот е во состојба 80% од градското возење да го мине само на електрична енергија, што ги намалува емисиите на СО2 и потрошувачката на гориво до 40% во споредба со сличен автомобил кој користи само SUS мотор.

Дватата „благи“ хибриди под хаубата имаат 1.3-литарски турбо-бензинец со 4 цилиндри. Послабата верзија произведува 140 КС, а помоќната 160 КС. Моторите се спарени со автоматски EDC менувач со двојна спојка.

Европскиот Renault Arkana се разликува од Samsung XM3 и по R.S. Line пакетот, кој е одговорен за подинамичен и поспортски имиџ на возилото. Внатре, има два дигитални екрани – едниот на местото на инструмент таблата (може да биде 4,2, 7 или 10 инчи), а другиот е задолжен за мултимедијалниот систем (7 или 9,3 инчи). Мултимедијалниот уред е опремен со функции Android Auto и Apple CarPlay за поврзување со паметен телефон.

Цената сè уште не е објавена, но познато е дека почетната цена на руската верзија на Renault Arcana е околу 20.000 евра.