Според BBC, Стефано Доменикали ќе биде новиот шеф на шампионатот

Според најавите на овој извор, поранешниот шеф на Ferrari треба да ја преземе водечката позиција во најбрзиот циркус. Сега за сега Formula 1 не ја потврдила оваа информација. BBC пишува дека оваа вест веќе стигнала до нив од повеќе извори, пред се за британските медиуми, и дека е прашање на време кога ќе биде официјализирана. Луѓето од Formula 1 досега не се изјаснуваа по ова прашање, но познато е дека тие веќе се во комуникација со сите тимови.

Доменикали го напушти Ферари во текот на 2014 година и моментално работи за италијанската марка Lamborghini. Тој беше шеф на тимот од 2008 до 2014 година, каде го наследи славниот Жан Тод. Под негово покровителство, Ferrari ја освоија последната титула во 2008 година, кога беа први во шампионатот на конструктори.