Red Bull Honda и официјално!
По неколкумесечни шпекулации, конечно е официјално. Formula 1 тимот на Red Bull од сезоната 2019 повеќе нема да користи мотори на Renault
Како што се наведува, австрискиот тим потпишал договор на две години со јапонскиот производител на мотори. Со потпишувањето на овој договор, Red Bull практично станува фабрички тим.
„Овој повеќегодишен договор со Honda го означува почетокот на возбудлива нова фаза во напорите на Red Bull да се бори не само за победа во трка, туку и за она што отсекогаш била нашата цел – шампионатот. По внимателно разгледување и евалуација, сигурни сме дека партнерството со Honda е вистинскиот пат за тимот. Бевме импресионирани од посветеноста на Honda во Formula 1 и со огромниот напредок што го постигнале со нашиот сестрински тим Toro Rosso, како и нивото на амбиција, кое се совпаѓа со нашите амбиции“, вели Кристијан Хорнер.
Во сеуште актуелниот снабдувач со мотори на Red Bull, Renault, веруваат дека ова е само природен ток на работите и за Red Bull и за нив.
„Сега, кога имаме два тима, ние може да ги обработуваме податоците два пати побрзо отколку порано. Веруваме дека нашата работа со Toro Rosso и Red Bull, ќе ни овозможи да се доближиме до нашата цел, а тоа е победи во трки и освојување на шампионатот. Преговорите напредуваа брзо, благодарение на отвореноста на Red Bull и почитувањето кон Honda, а договорот е резултат кој е подеднакво добар за сите страни“, вели Такахиро Хачиго, претседател на Honda.
„Овој договор со Honda означува нова ера за Red Bull Group во Formula 1. Ние сме импресионирани од посветеноста и напредокот на Honda и ги споделуваме истите амбиции, а тоа е борба за шампиони. Со ваков заеднички пристап, ние со нетрпение очекуваме да почнеме да работиме со Honda“, додава Хелмут Марко.