Конвенционалните возила кои како погон користат компримиран природен гас се поеколошки во однос на електричните автомобили, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговиот редовен телевизиски настап во емисијата „Директна линија“

„Оваа тема е од особена важност за нас: потребен е основен извор на енергија за да истиот се претвори во електрична енергија со која се полнат батериите кај таков тип на возила. Парадоксално, јагленот е оној што најчесто се користи за производство на електрична енергија, а со сите негови мани, тој е најеколошко примарно гориво кое се трансформира во електрична енергија. За нашата земја, но и за други земји, според мое мислење, природниот гас е многу поповолен за природната средина. Со цел да се подобри еколошката слика на планетата, треба да се фокусираме на возилата што се напојуваат со гас и да ги охрабруваме напорите на другите кои се насочени кон таа цел“, вели Путин.

Според претседателот на Русија, недоволниот број на станици за снабдување со гас останува главен проблем.

„Организацијата на станици за гас се нашата главна идна задача. Решението за овој проблем е во надлежност на Газпром. Во принцип, процесот на транзиција е поддржан од централната власт, како и регионалните и локалните нивоа на власта. Сепак, тоа не е доволно за овој вид на транспорт да стане економски одржлив. Голем дел од ова ќе зависи од идните работи на оваа тема“,продолжува претседателот на Русија.

Заедно со овие активности, Путин ветува и посериозен ангажман во инсталирање на мрежа на станици за малопродажба на гас за возилата.

„Мрежата на станици е значително погуста во некои други земји, во споредба со Русија. И покрај фактот што ние како држава сме значајни производители на природен гас, заостануваме на ова поле. Затоа ќе ги фокусираме нашите напори за решавање на овој проблем, и ние дефинитивно нема да се откажеме“, заклучува Владимир Путин.