Рангирање на „најчисти“ автомобили за 2017 година
Hyundai Ioniq-е и Golf-е „најчисти“, Renault Koleos и D-Max „најнечисти“
ADAC, најголемиот европски автомобилски клуб, ги прогласи „најчистите“ односно еколошки најприфатливите автомобили за изминатата година. Електричните автомобили според ADAC, исто така, испуштаат штетни гасови, но врз основа на пресметка на потрошувачката на електрична енергија ускладено со просечното загадување од производството на еден киловат електрична енергија.
Максимум пет еколошки ѕвезди добиле само пет модели. Првите два се електрични автомобили – Hyundai Ioniq Elektro и VW e-Golf, додека на третото место се наоѓа хибридот Toyota Prius.
Audi A4 Avant g-Tron е еколошки најприфатливо возило на плин.
На „опашката“ од листата, убедливо „највалкани“ или еколошки најнеприфатливи нови автомобили на европскиот пазар се Renault Kolos и Isuzu D-Max.