Шведскиот производител Volvo го претстави својот прв целосно електричен модел, модифицираниот кросовер XC40 со ознака Recharge

Volvo е убеден дека нивниот прв EV ги има сите потребни елементи за да биде најпродаваниот модел на пазарот.

Како што сме навикнати, XC40 Recharge поседува елегантен скандинавски дизајнерски стил кој комбинира атрактивен изглед со практичност и корисност. Уникатната предна маска во боја на каросеријата создава посебен визуелен идентитет за целиот автомобил.

Бидејќи на електричните возила не им требаат отвори за воздух, затворената предна маска е искористена за сензорите на новиот напреден систем за помош на возачот (ADAS).

Моделот XC40 Recharge се напојува со електричен мотор од 408 коњски сили, а батеријата со висок капацитет гарантира автономија над 400 километри.

Благодарение на технологијата за брзо полнење, батеријата достигнува 80% од капацитетот за 40 минути.

Автомобилот е опремен со нов мултимедијален систем базиран на системот Android, како и со нови технологии и услуги на Google.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1pkkf61CFl9eI4KUl439SiUVUDC7O8V_P” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

XC40 Recharge е првиот чекор на шведската компанија кон нивната крајна цел – да стане еколошки неутрален производител до 2040 година.