До 15 ноември остануваат уште околу месец дена, а тоа значи преоѓање на зимски гуми. Тимот на Auto Express ви помага во изборот тестирајќи ги најдобрите зимски гуми за претстојната сезона

На неколку тестови место нашле десет зимски гуми од исто толку различни производители во димензија 225/45 R17.

  • * Nokian WR Snowproof
  • * Vredestein Wintrac Pro
  • * Hankook i*cept RS2
  • * Michelin Alpin 6
  • * Continental WinterContact TS 860
  • * Toyo Snowprox S954
  • * Dunlop Winter Sport 5
  • * Pirelli Winter Sottozero 3
  • * Falken Eurowinter HS01
  • * Goodyear UltraGrip Performance+

Секоја гума била тестирана според следниве критериуми:

  • сопирање на снег
  • влечење на снегот
  • круг на снегот
  • управливост на снег
  • аквапланинг на правец
  • аквапланинг во кривина
  • сопирање на влажна подлога
  • управливост на влажна подлога
  • круг на влажна подлога
  • сопирање на сува површини
  • управливост на сува површина
  • отпорност на тркалање
  • бучава во кабината
  • цена

Однесувањето на гумите на снег и мраз било тестирано на патеката „Белиот пекол“ во Ивал (Финска), која е во сопственост на Nokian, додека тестирањето на влажна и сува површина било извршено на патека во германскиот град Папенбург, која е мала реплика на Хокенхајм.

Во финалниот рејтинг, првите пет гуми ги делат нијанси, а Vredestein и Falken се на делба на петтата позиција.

Dunlop генерално имал добри резултати, но не се нашол на „подиумот“.

Michelin завршил на третото место зад минатогодишниот победник Continental, а титулата најдобри за сезоната 2019/2020 е за Goodyear UltraGrip Performance+ 

Goodyear бил импресивен на тестовите, поради што сигурно дека ќе го привлече вниманието на возачите кои и даваат приоритет на безбедноста.

Continental гумите можеби ги нема најдобрите, но и понатаму има одлична зимска гума, додека Michelin се покажал како исклучително моќен во влажни услови за возење, кои се повеќе застапени во поголемиот дел од Европа во текот на зимата.

Адутите на Dunlop пред се се ниската бучавост и заштеда на гориво, додека Vredestein останал во средина поради пониските перформанси на снег и економилноста.